Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата им се издадени решенија за изолација на 213 лица, а 299 други потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се додава дека полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четворица не ја почитувале мерката за изолација, а четворица други мерката за самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци, информира МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.