Министерството за внатрешни работи во континутитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од ковид-19, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 4.694 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие, соопшти Чулев.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 186 лица им се издадени решенија на изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во државен карантин спроведени се 52 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.