Реизот Сулејман Реџепи наскоро се очекува да биде повикан на распит во Обвинителството за ширење на говор на омраза за скандазлозната изјава за судијката која донела одлуката Скендер Бузаку да биде нов поглавар.
Оваа женска ова не го направила сама. Јас слушам дека таа има нешто проблем со здравје, но не ја жалам, таквите нека починат што побргу, рече Реџепи.
Од обвинителството велат дека ги следат случувањата и дека овој случај ќе го спојат во предметот кој веќе го има отворено обвинителството против Реџепи, а по пријава од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава, велат од Обвинителството.
Претходната кривична пријава Реџепи ја заработи пред само две недели кога за време на церемонијата на поставување камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија, даде скандалозна изјава.
Можете да видите со каква дива животиња народ живееме, затоа немаат идентитет и нема никогаш да имаат. Без разлика што ние сме сакале да им помогнеме. Не се помага на безчувсвителниот, не се освестуваат. Местото Лажец, кој го знае кој не, е село мултиетничко има муслимани, православни христијани, има Mакедонци не знам тие како себеси си се нарекуваат, има Aлбанци. Има две цркви, бројот на народите е ист, има две цркви, а ниту една џамија. Сто подземни далавери прават и се уште не се освестени. Дај боже мене господ душата да не ми ја земе додека не поставам камен темелник на џамијата, изјави тогаш Реџепи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.