Автомобилот „мини купер“ на пејачката и водителка Сузана Турунџиева било опожарено ноќва околу 3 часот, а огнот до пола го зафатил и возилото во сопственост на пејачката Ребека Јанковска Ристески. Инцидентот се случил на паркингот од зградата каде што живеат двете пејачки во Тафталиџе.

Во изјава за „Вечер“ Турунџиева вели дека сè личело на хорор филм.

Мислам дека не се работи за никаква одмазда или предупредување од некого, туку за чиста коинциденција на група пиромани кои палат низ центарот на Скопје, фрлајќи молотови коктели. Полицијата беше сношти во потрага по нив и веќе им е во траг. За жал и јас и Ребека, ја имавме таа несреќа нашите автомобили да бидат случајна мета на пироманите, го завршува исказот за својата траума во кусиот телефонски разговор Турунџиева, изјави Турунџиева за „Вистина“.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот. Кај нив околу 3 часот било пријавено дека пред трговски центар на булевар „8-ми Септември“ гори патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.