Жител на село Волково вчера бил уапсен за разбојништво во пекарница во Тафталиџе.
Полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.К.(50) од село Волково, Скопско, затоа што на 7 февруари оваа година извршил разбојништво во пекарница на улица „Московска“ во Скопје – информираат од МВР,
Тој бил приведен во полициска станица, а по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.