Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19. МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејсбук профил.
Тој апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами.
Само така заеднички ќе придонесеме за справување со коронавирусот, вели министерот Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.