Единицата за внатрешни работи Карпош притвори тројца крадци на велосипеди кои краделе по подруми и станови во Скопје. Досега се пронајдени и одземени 26 велосипеди.
Како што соопшти МВР, при преземени мерки и активности лишени биле од слобода Е.М. (24) и А.И. (22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди и Х.К. (53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“.
Двајцата првопријавени извршувале кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови. Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ, информираат од МВР.
Од полицијата ги повикуваат сите оштетени граѓани во ПС Карпош, секој работен ден од 9 до 15 часот за препознавање на велосипеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.