МВР на својата веб страница објави дека е распишана меѓународна потерница за еден од осомничените во „Двојник“. Станува збор за Раиф Мифтари од Скопје, кој што е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.
МВР не го пронајде Мифтари во неговиот дом, кога приведуваше лица за изработка и издавање на лажни пасоши пред неколку дена.
Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ, стои на веб страницата на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.