Синоќешната вест за 14-те загинати патници Гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар.
Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.
Потврдено е дека меѓу настраданите е и синот на пратеникот Благојче Трпевски.
Жртвите од автобусот се главно лица кои редовно патуваат на релацијата Гостивар – Скопје – Гостивар, како вработени во Скопје и студенти. Токму во терминот на редовната линија на „Дурмо- турс“ во 16 часот и 15 минути компанијата врши превоз на патници со два, па и три автобуса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.