Директорот на Истражниот затвор Скопје во Шутка, Есад Рахиќ, во интервју на Радио Слободна Европа вели дека во затворот има една одредена мала група корумпирани луѓе коишто работат тука и успеваат да „бутнат“ по некој телефон. Тој објаснува дека се вршат редовни контроли, се одземаат дел од тие телефони и се санкционираат виновниците.

За фотографиите што излегуваат во јавност од притворениците, Бојан Јовановски и Митко Чавков, Рахиќ вели дека ги знаат лицата кои фотографираат, но многу е тешко да се контролира нешто што е ендемско.

Многу е тешко да се контролира нешто што е ендемско. Има, како и секаде, една одредена мала група корумпирани луѓе коишто работат тука и коишто на разни начини се снаоѓаат и успеваат да „бутнат“ по некој телефон. Ние вршиме редовни контроли, одземаме дел од тие телефонски апарати и тие кај коишто се наоѓаат се санкционираат. Во моментов се води постапка против еден затворски чувар. Има дадено изјава од притворено лице, каде што тој земал пари, а не испорачал телефон и не ги вратил парите и ние ги информиравме надлежните органи за тоа лице за да биде санкционирано. Тоа е обид на оваа управа, за нешто што лично сметам дека е аномалија, ќе се обидеме да ја исправиме. истакнува Рахиќ.

Во интервјуто за Слободна Европа, Есад Тахиќ вели дека минатата недела биле запленети околу 10-15 телефони, а истите може да се набават по 200 евра па и повеќе, се зависи објаснува Рахиќ од тоа кој е корисникот и колку му треба.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.