Со Бојан Јовановски не врзува големо фамилијарно пријателство кое трае 12-13 години, објасни Александар Радуловиќ кој беше сведок во случајот Рекет. Тој е познат композитор и продуцент и сопруг на текстописец Марина Туцаковиќ.
Адвокатот Дукоски покажа ЦД со песни на Боки на српски јазик кое го работел токму Радуловиќ. Сведокот потврди дека тој албум најпознат хит бил “Калугула”.
На прашање дали му дал некогаш пари тој одговори потврдно особено откако Боки им кажал дека ќе отвори телевизија што било интересно за проширување на нивниот бизнис во Македонија.
Се согласиле да бидат кофинансиери на таа телевизија.
Две години му дававме средства за полека да влезе со купување на опрема за телевизијата. Му давав пари и приватно бидејќи го чуствувавме како пријател. Одевме заедно на одмори во Италија и Грција-објасни Радуловиќ.
На прашањето дали за парите што му ги давале на Боки рече дека не правеле никаков договор бидејќи се работело за пријатели и немале никакви белешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.