Сведокот Александар Радуловиќ денеска опиша како и на кој начин му дал пари на Бојан Јовановски, првообвинет во случајот „Рекет“. Тој објасни дека ова се исклучиво приватни пари и немаат врска со нивната професионална соработка.
Боки со неговото семејство беа кај нас дома во Белград. Бидејќи одеше на моден настан во Милано му дадовме пари да купи лекови за мојата сопруга како и гардероба. Се работи за скапа терапија која чини 12.000 евра месечно. Вкупно му дадов чисти 150.000 евра и Боки му ги даде на неговиот возач, објасни сведокот.
Тој нагласи дека многу пати му помагал и дека Боки нема никакви долгови кон него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.