Засега непознат возач, кој управувал автомобил марка „сеат“, вчера во селото Подареш, Радовишко, удрил во моторциклист и пешак и им нанел тешки телесни повреди по што го напуштил местото на незгодата, соопштија од СВР Струмица.

Имено, засега непознатото лице се движело со својот автомобил по улица во селото и одеднаш преминало да се движи по тротоарот по што удрил во мотоцикл „хонда“, кој бил застанат на тротоарот, и во моментот на него било лицето В.А. (65) и во пешакот С.М. (58), двајцата од село Подареш.

Повредените се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.