Едно лице од Гевгелија управувајќи со работна машина удрил колега од селото Фурка, кој починал на местото на настанот, соопшти денеска МВР.

Вчера во 13:45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајки работна машина, удрил во С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект. С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа, се наведува во соопштението на Министерството.

Од МВР посочуваат дека увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.