Шеесетгодишен велешанец се здобил со тешки телесни повреди во фабрика во Велес, додека извршувал работни задачи. Повредите кај  З.Н. (60)  биле констатирани во болницата во Велес.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, случајот бил пријавен вчера околу 15 часот во СВР Велес, а работникот се здобил со повредите кога паднало скеле.

Се работи на расчистување на случајот, рече Додевски. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.