Работник во фабрика во Пробиштип бил тешко повреден, изминатата ноќ во фабриката.

Според МВР, околу 40 минути по полноќ во ПС Пробиштип било пријавено дека во Јавната здравствена установа Пробиштип бил донесен Д.Ј.(23) од Пробиштип кој, според пријавеното, се здобил со повреди при работа во фабрика во Пробиштип.

Тој бил префрлен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.