Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата.
На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението.
„Макстил“ информнира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот.
„Макстил“ АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.