Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп на 5 февруари 2021 извршија претрес во домот на М.Ј. (29) во с.Селце прилепско, при што пронајдени и одземени се ловен карабин, ловна пушка, 23 патрони и осум куршуми, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

(фото: МВР)

Од МВР посочија дека лицето е приведено во ОВР Прилеп и ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.