Синоќа околу 22 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В. (30) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј. (44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот.  На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.