Синоќа во СВР Скопје, А.Е.(21) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот на автопат во близина на бензинска пумпа во село Идризово, додека управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле А.Ч.(23) и Х.А.(21), и двајцата од Скопје, кон нивното возило било пукано од огнено оружје од непознато лице, кое било во патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки.

Набрзо потоа, на бул.„Никола Карев“ патничко возило „мерцедес“ со удар се обидело присилно да го запре возилото на пријавителот, кој успеал да го напушти местото на настанот.

Повредени лица нема, се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.