Полицијата сè уште нема нови информации околу вчерашното пукање среде Скопје. Во денешниот полициски билтен се наведува само дека вчера околу 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“, во близина на Трговскиот центар „Лептокарија“, имало пукање од лица кои биле со две возила.

Веднаш се упатени полициски службеници и извршен е увид. Траги од крв не биле пронајдени, а нема ниту пријава за повредени лица, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.