Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 38 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Настанот се случил на улицата Јане Сандански околу 16 часот.
Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.Ф (37) од скопското село Студеничани по кого имало распишана централна потерница за издржување на 6 годишна затворска казна за сторено кривично дело трговија со луѓе. Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.
ФОТО И ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ТЕТОВО!
Posted by Вечер on Thursday, 23 April 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.