Полицијата вчера околу 16 часот добила пријава за пукање сретсело во с. Студеничани, во близина на Општина Студеничани
-По претходна вербална расправија, А.Ш.(28) од с.Студеничани, кој бил со автомобил „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), и двајцата од с.Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55), информира МВР.
Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „Ауди“.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.