Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје. Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.