Од Градската општа болница „Наум Охридски“ вчера попладне во полиција пријиле дека било донесено лице со повреда од оружје.
Повредениот В.И. (21) од Скопје бил донесен во болницата од страна на Е. М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул.„Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.
Од страна на полициски службеници било разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.