Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.45 часот на паркинг на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, Е.И.(24) од Скопје испукал во воздух неколку куршуми од огнено оружје.

Според пријавеното, настанот се случил по претходна расправија на Е.И. со Р.„Н“., во врска со наплата за паркинг услуга.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.