Едно лице е повредено во вооружен напад попладнево во Чаир, потврдуваат од МВР.
Според првичните информации на полицијата вооружениот напад се случил околу 17:45 часот на улицата „Лазо Трповски“ при што било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.
Неофицијално, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..
Повредениот В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски.
Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, но повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.
Телма телевизија објави дека повредениот е Ваљон Беља од ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.