Ноќеска околу 04 часот, Ж.Ж. (37) во казино во Кочани физички го нападнал Б.Д., а потоа и З.З.. Исто така, Ж.Ж. телефонски упатил закани до полициски службеник кој не бил на работа.
Ж.Ж. физички нападнал и вработени во обезбедувањето на казиното, извадил пиштол и испукал. Веднаш по добиената пријава упатени се полициски службеници на местото на настанот и на ул. Димитар Влахов го пресретнале Ж.Ж и му наредиле да застане и како предупредување испукале два куршуми во воздух, но Ж.Ж. не застанал туку испукал два куршуми во воздух и се дал во бегство.
Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.