Нема повредени лица во синоќешните пукотници во Кисела Вода.

Во 23:10 ч. во СВР Скопје од страна на сосед било пријавено дека во куќа на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје во која се одржувало семејна веселба, машко лице пукало со пиштол во воздух.

Полициски службеници излегле на лице место и во дворот на куќата пронајдени се две чаури, кои се подигнати за вештачење и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.