По објавувањето на деталите околу настаните во извидничкиот камп, психологот Иван Георгиев за „Фокус“ даде став околу оваа ситуација, која според него е крајно недозволива и застрашувачка.

Кога ќе се помине низ ваков скандал, траумата не е лесна ниту за родителите, ниту за децата кои биле учесници. Жените можат да доживеат нарушување на личноста и симптоми на нестабилност и импулсивност.

Овој настан не е ништо помалку од сексуален чин извршен без дозвола. Сексуалната траума од детството е поврзана со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН), депресија, самоубиство, проблеми со алкохолот и нарушувања во исхраната. Преживеаните може да доживеат низок сексуален интерес и тешкотии во врската како и да се вклучат во сексуално однесување со висок ризик. Ваквиот настан може да остави последици дури до степен на пост-трауматски стрес на кој веднаш мора да му се посвети внимание“, истакна Георгиев.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.