Радовишанец синоќа бил физички нападнат од раководител на фирма и други лица во Неготино, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Околу 20 часот во Полициската станица Неготино, било пријавено дека во кругот на фирма во Неготино, по кратка расправија, Н.В.(44) од Радовиш бил физички нападнат од раководителот и уште неколку лица – појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.