Доцна синоќа во Тетово опожарени се две возила на ЕВН. Инцидентот го потврдија и од МВР од каде велат дека пожарот бил предизвикан со запалива течност. Возилата целосно изгореле, а од пожарот било зафатено уште едно возило со тетовски регистарски ознаки.
Воедно, од МВР информираат дека на информативен разговор во полициска станица во Тетово бил приведен Кренар Османи, кој е организатор на протестите против поскапувањето на струјата.
За ТВ21 Османи потврди дека бил приведен и задржан во полициска станица до раните утрински часови. Вели дека му е поднесена кривична пријава, само заради тоа што напишал статус „Сакате игра, и ние ќе ја играме играта“.
Како што вели тој, кривичната пријава е за опожарување на двете возила, а целиот случај ќе продолжи во судска постапка.
Од ЕВН го осудија овој инцидент и како што велат, по ова ќе ја зголемат безбедноста на своите вработени.
Денеска во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга ќе има протести против поскапувањето на струјата. Центалниот е во Скопје и ќе започнат во 18 часот од Жена парк до Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.