По серијата пожари кои беснееја низ Македонија, првиот човек на противпожарната единица на Скопје, Владимир Кочовски е убеден дека пожарите се подметнати.
Тврдам дека пожарите во најголем дел се подметнати, а само малку од нив се предизвикани од невнимание. Се пали поради тоа што потоа е дозволена сеча на нагореното дрво. Тоа е примарната цел. Можеби има и некои други причини. Можеби се и политички мотивирани?! Тоа за да се предизвика страв и недоверба кај граѓаните во институциите кои треба да ги штитат?! Меѓутоа, крајната цел е дозволената сеча на дрвата. Минатата година во март месец имаше голем број на пожари на отворен простор. Тоа е исто така период во годината кога не се вообичаени шумски пожари. Дека пожарите се подметнати тврдам, затоа што, едноставно, не може да почне да гори во исто време, на иста планина, на три места. Секоја година имаме пожари на исти локации. Катланово викенд населба, Коњари, Дивље, Скопска Црна Гора…ама буквално на истите места. Секој ден горат истите депонии. Контејнери гасиме најмалку по два дневно. Претежно во Карпош.Температурата деновиве, се спушта многу ниско. Утрата се со роса. Тоа зборувам за во градот. Во планина температурата е уште пониска и со поголема количина на роса во утринските часови. Треба многу мака да се запали оган. Не дека ги жалам тие што палат. Само сакам да кажам дека е „вложен труд“ за да почне да гори и тој пожар да се одржува активен, напиша на Фејсбук Кочовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.