Вечерва во 21.38 часот во полиција е пријавено е дека на улицата „Шарпланинска“ во населба Даме Груев, кај општинската зграда на Ѓорче Петров, лежи лице кое не дава знаци на живот, до возило „пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост на Д.Н. (65).

До овој момент не е утврден идентитетот на лицето. Засега не се открива дали станува збор за убиство. Претходно, повикувајќи се на свои извори, медиуми пренесоа дека починатото лице било ликвидирано со куршум во глава.

На местото на настанот увид извршува јавен обвинител, по што ќе следуваат повеќе детали.

„Прес24“ јави и за втор инцидент вечерва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.