Автобус на ЈСП на линијата број 5, утрово се запали во населбата Ѓорче Петров, а како што може да се види на фотографиите и видеата на социјалните мрежи, внатрешноста на возилото изгорела речиси во целост. Како што информираат од скопската противпожарна бригада, нема повредени во несреќата, а причината за пожарот се уште не е позната.

Пријавено е во 9:25 на терен е излезено со две противпожарни возила, интервенирале 6 пожарникари. Во автобусот бил само возачот, но за среќа не е повреден, тој веќе бил надвор од автобусот кога дошла противпожарната екипа. Направена е голема матерјална штета, внатрешниот дел од автобусот е целиот изгорен.  Не е позната причината за избувнување на пожарот, вели за „Република“ Владимир Симоновски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Од МВР пак информираат дека во 9.40 часот кај нив пожарот бил пријавен.

Утрово во 9.40 часот од страна на БППЗ добиена е информација дека на ул. „Ѓорче Петров“ има опожарен двокатен автобус на ЈСП. Пожарот е целосно изгаснат од страна на БППЗ во 9.50 часот. Повредени нема, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.