Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.