Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, за МИА потврдува директорката на Здравствен дом Неготино, Билјана Филипова.
Утрово екипата на Брза помош констатира смрт кај момчето. Без знаци за други надворешни повреди – изјави Филипова.
Телото било пронајдено во близина на местото кадешто било и давењето.
Завчера околу 16:00 часот во Полициската станица Неготино, З. Ј. (39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што, еден од нив, малолетник од село Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.