Пронајдено е бебето на 19-годишната тинејџерка од струмичко која се породила дома. „Фокус“ дознава од неофицијални информации од истрагата дека новороденчето било фрлено во јама во полско ве-це.

Од полицијата велат дека во текот на денот ќе соопштат повеќе детали за случајот.

Од Министерството за внатрешни работи претходно соопштија дека во неделата околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од Гинеколошкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и дека по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување. Полициски службеници извршиле разговор и со родителите на девојката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.