21 мигрант се пронајдени во возило во обид да влезат од Македонија во Србија. СПоред МВР вчера во 18,40 часот од страна на полициски службеници кон патен премин „Табановце“ после бензинската пумпа на автопатот кај мостот, било забележано комбе „Ивеко“ со струмички регистарски ознаки управувано од И.Н.(35) од Гевгелија. При преглед на возилото биле пронајдени 21 лице-мигранти сите од Бангладеш. Возачот бил приведен и заедно со лицата-мигранти се донесени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.