Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 21 часот во Тетово го лишиле од слобода А.А.(24) од тетовското село Јеловнаје. При преглед во неговото возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени марихуана, бела тврда материја и еден нож, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.