Полицијата го пронајде украдениот електричен тротинет на водителката од „Брза кујна“ Александра Илиевска, како и други два тротинета.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот.

Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.