Мртов маж бил пронајден вчера наутро во атар на с.Падалиште, гостиварско на место викано Роѓе Исмолит.

Како што соопштува СВР Тетово, ловџиите А.С.(38) и Ф.И.(38) од Гостивар, во поток го пронашле починат М.Р.(71) од с.Падалиште, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16 декември.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар. Телото на починатиот е пренесено во Медицински центар Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.