Полициски службеници го пронашле возачот кој возеше со автомобил по пешачка патека во Струмица. До МВР посочуваат дека полицијата постапувала по објавените снимки на социјалните мрежи.

Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, постапувајќи по пријава за претходно објавени снимки на социјалните мрежи, според кои патничко возило се движи на места определени за пешаци по ул.”Благој Ј.Мучето” и на плоштадот “Гоце Делчев”, по преземени мерки и активности ги пронашле возачот и возилото. Притоа било констатирано дека станува збор за Н.А.(23) од с.Градашорци кој управувал патничко возило “голф”, со струмички регистарски ознаки. За непочитување на законските прописи против Н.А. се изречени соодветни платни налози – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.