Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 36 и 34 години, по претходен договор набавиле 20,01 грама наркотична дрога – хероин, која ја сместиле во просторот за воздушното перниче на совозачката страна во автомобил Фолксваген голф со битолски регистарски ознаки. Со автомобилот се движеле по автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица Сопот биле сопрени од овластени полициски службеници. Полицајците при преглед на автомобилот го пронашле хероинот како и 22,45 грама мешавина од парацетамол и кофеин, која се користи како додаток за зголемување на масата на наркотичната дрога.
Ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.