На скопскиот меѓународен аеродром, вчера се случувала вистинска драма.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, во 02:30 часот полициски службеници ја привеле К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање.

Според полицијата, таа се однесувала дрско и непристојно и ги навредувала полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Неофицијално, како што објави „Фокус“, станува збор за професорка на скопскиот правен факултет, која направила инцидент кога и била побарана потврда за вакцинација.

За неа бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.