Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. Претежно таквите услуги биле побарани од женските студенти.

– Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

Дури 58 отсто одговориле потврдно на прашањето „дали лично се соочиле со дискриминација“, а 62 отсто рекле дека тоа го направиле професори.

– Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните органи во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на дискриминација, истакна Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.