Во договор со ОВР Гевгелија, градоначалникот Сашо Поцков покрена иницијатива да продолжи потрагата по гевгеличанецот Илија Минов, во која ќе бидат вклучени повеќе човечки ресурси кои би помогнале во пронаоѓањето на Поцков кој исчезна на 29 март.
Договорено е потрагата да продолжи утре во 10 часот и во неа да бидат вклучени доброволци, претставници од ОВР Гевгелија, Дирекцијата за спасување и заштита, Општина Гевгелија, Центарот за управување со кризи, ТППЕ Гевгелија, Шумското стопанство „Кожуф“, јавното комунално претпријатие, риболовното друштво „Акваспорт“ и двете планинарски друштва од Гевгелија.
Поделени во групи, трагачите ќе ги пребаруваат двата брега на реката Вардар, до грчката граница, во должина од седум километри.
Од страна на ОВР Гевгелија до сега во потрагата се преземени сите расположливи мерки и ресурси со вклучување на хеликоптер, кучиња трагачи и нуркачка екипа од специјалната единица на МВР но за жал со негативен резултат. Отежнувачка околност беше и покаченото ниво на водата на Вардар кое сега веќе е намалено за 1,5 метри така што во тек е и пребарување со дрон по речното корито – информира началникот на ОВР Гевгелија, Антонио Карапеев.
Преку Интерпол за случајот е известена грчката полиција и сите служби на граничните премини Богородица и Евзони кои исто така се вклучени во потрагата која повеќе од две недели е без резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.