Продавачка од луксузната продавница „Пјер Карден“ денеска давала исказ за „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Продавачката била повикана да даде исказ за тоа што купувал Бојан Јованвски, уште познат и како Боки 13.

Обвинителството се сомнева дека првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски таму купувал луксузни парчиња облека, но и мебел, од францускиот моден бренд.

Во моментот за „Рекет“ сведочи Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а подоцна треба да дојде и бизнисменот Зоран Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“. Тој јавно се препукуваше со Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.