Тетовецот Ибин Емшиу, кој во пожарот во модуларната болница ги изгубил таткото и братот, по што сведочеше за Дојче веле дека бил заплашуван со убиство, за да не ја каже вистината за трагедијата во ковид-центарот, рекол дека немал директна закана, туку дека на социјалните мрежи прочитал такви коментари под неговата изјава за медиум.
Од СВР Тетово попладнево за „360 степени“ соопштија дека денеска претпладне оствариле контакт и разговарале со И.Е. од тетовско Синичане, за што има и службена белешка, по објавувањето на медиумите дека имал закани по живот.
Тој изјавил дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава -да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи. Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано ‘Внимавај’. Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот, се вели во информацијата од СВР Тетово
Тој, исто така, како што велат од СВР Тетово, им рекол на полициските службеници дека никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за, според него, подобро да се грижеле за неговите најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.