Вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гоце Стојчевски“ во Скопје, 14-годишник од Скопје физички нападнал 13-годишно момче, исто така, од Скопје, при што со остар предмет му нанел убодна рана.

Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарка помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.